ОРКА хотелиерство и угостителство

Хотел „Ибис Скопје сити центар“

„Ибис Скопје сити центар“се наоѓа во централното градско подрачје, во близина на административните институции и поголеми туристички атракции, што го прави привлечен како за гости од бизнис-секторот така и за гости од областа на туризмот.

Хотелот располага со 110 целосно опремени соби, модерен бар и веб-корнер. Удобниот и пријатен сон, разноврсен појадок и многубројни попусти за лојалните гости на семејството Ибис, го прават хотелот да биде прв избор на гостите кои го посетуваат Скопје. Единствените услуги се гарантирани и обезбедени од Ибис-отелите насекаде во светот.

Вработените на Ибис ќе ја понудат најдобрата услуга и ќе ги задоволат барањата на секој гостин, за што се потврда добрата репутација и бројните награди и признанија од страна на многубројни институции и организации.

Брендот Ибис е дел од синџирот хотели на групацијата Аccor и е присутен во 48 земји со повеќе од 1.800 хотели. Благодарение на успехот на овој концепт, хотелите Ибис се докажани како европски лидер на економскиот пазар.

Хотел „Ибис стајл Скопје“

Водени од идејата да се создаде ново место во градот, карактеристично по својот единствен и префинет стил, во 2013 година создаден е хотел „Ибис стајл“. Уникатно опремениот „Ибис стајл“ со капацитет од 47 соби е лоциран во мирен дел на градот, на 2.8 километри од центарот на Скопје.

Хотелот, во кој сите соби имаат модерен и елегантен дизајн, обезбедува атмосфера и услови за пријатен престој и сместување. Дизајнот на „Ибис стајл“ интегрира бројни современи погодности, како модерен фоаје бар и бесплатен ви-фи интернет. Сите соби во хотелот имаат модерен и елегантен дизајн, со висококвалитетни душеци за спиење, како и современа комфорна бања.

Хотелот располага со сала за состаноци со капацитет за 45 лица, опремена со LCD-проектор и телевизор, флип-чарт табли и друга техничка опрема за одржување презентации. „Ибис стајл“ нуди 24-часовна услуга на рецепција, како и услуги на перење и хемиско чистење, чување багаж и видеонадзор.

Хотелот има одлична поврзаност со трговските центри во градот, како и банките, економските и културните институции, музеите и спомениците.

„Сушико“

Интернационално препознатливиот бренд „Сушико“ претставува синџир на ресторани со карактеристична јапонска, тајландска и кинеска храна кои може да се најдат во повеќе места во светот. Со отворањето на ресторанот во Скопје, кој е дел од оваа меѓународна франшиза брендот „Сушико“, го најави своето присуство и на Балканот. Ресторанот е префинето уреден со цел на посетителите да им овозможи максимално уживање и пријатна атмосфера.

Лоциран во срцето на градот, во Дебар Маало, „Сушико“ е првиот суши ресторан во земјава кој нуди исклучително квалитетни специјалитети од модерните кујни на Јапонија, Тајланд и Кина. Во процесот на подготовка на храната, огромно внимание се посветува на почитувањето на стандардите за квалитет. „Сушико“ ресторанот е карактеристичен по високопрофесионалната услуга на персоналот, што воедно претставува и дополнителен мотив за посета при различни пригоди. Ресторанот е одлично место за семејни или бизнис-средби или дружби со пријателите, а овозможува и бесплатна достава на храна до посакуваната локација во Скопје.

Исклучителноста на услугата и вкусното мени се главната причина рестораните „Сушико“ да бидат првиот избор на вистинските љубители на различните вкусови на Далечниот Исток. Со цел да се постигне оригиналниот изглед на азиските ресторани, секој детаљ од ентериерот е уреден во препознатливите белези на источната традиција со современа интерпретација, а во кујната на „Сушико“ работат професионални готвачи од Јапонија, Кина и Тајланд.

„ОК ресторантс & барс“

„ОК ресторантс & барс“ е интерен ресторан и кафетерија за вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Работи од самото отворање на болницата, со тоа што со текот на годините ги зголемува просторните капацитети и ја проширува понудата за храна. Денес располага со површина од 255 квадратни метри, затворен простор и тераса и капацитет за 120 лица.

Просторот има модерен и уникатен дизајн кој овозможува вработените во пријатна и опуштена атмосфера да го имаат својот дневен оброк или кафе-пауза. Кујната на ОК ресторантс & барс е опремена и работи според најсовремени стандарди со цел да понуди секогаш вкусна и свежо подготвена храна за вработените во болницата. На своето мени нуди над 40 различни видови храна, вклучувајќи и топли и ладни напитоци.

Покрај стандардните услуги, ресторанот организира и коктел-промоции за потребите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.