ОРКА маркетинг

Маркетинг агенција „ОК Идеа“

Како резултат од потребата на маркетинг-агенција која знае да ги предвиди потребите на компаниите, членки на „Орка холдинг“ и да им понуди најсовремени решенија преку интеграција на различни маркетинг услуги, во 2013 година e основана мултидисциплинарната маркетинг агенција „ОК Идеа“.

Преку интеграција на широк спектар маркетинг-решенија, мисија на Агенцијата е да понуди иновативни, стратегиски и ефективни решенија за предизвиците со кои се соочуваат компаниите, а во контекст на потребите кои ги наметнува пазарот. Со цел да испорача паметни решенија кои би го поддржале бизнисот на клиентите, Агенцијата обединува бројни активности, и тоа:

„ОК медиа“

„ОК медиа“ ДООЕЛ е една од водечките компании во Р. Македонија за надворешно рекламирање.

Основана е во 2006 година под името „Кала плакат“ и повеќе од 10 години успешно ги надминува очекувањата на клиентите, со постојано ширење на мрежата, поставување на објектите на одлични локации и професионалната услужност.

Денес рекламната мрежа на „ОК медиа“ брои преку 450 рекламни површини во најразлични формати распоредени низ целата територија на Македонија.

Успехот на компанијата се верифицира и преку одличниот и професионален тим на вработени кој постојано се зголемува поради поголемиот број на клиенти. Многу маркетинг-агенции, медиумски куќи и брендови постојано ја даваат довербата на „ОК медиа“ затоа што ефективноста на ваквиот тип на рекламирање е голема и се работи за рекламирање кое е достапно и видливо 24/7.

Како целокупен резултат на комуникацијата со клиентите и одличната работа во 2015 година „ОК медиа“ (Кала плакат) ја доби титулата „Претприемач на годината - 2015“ на манифестацијата што ја организираат Сојузот на стопански комори, Македонската развојна фондација, како и Министерството за економија.