Одборот на директори на Орка Холдинг АД Скопје управува со Друштвото. Правата и обврските на Одборот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва, се регулирани со Статутот на Друштвото. Одборот на директори се состои од четири члена, од кои три се неизвршни, а еден е извршен член кој го носи називот главен извршен директор.



Ратка КУНОСКА - КАМЧЕВА
Престедател на одборот на директори
Претседател на Одборот на директори на Орка Холдинг АД Скопје. По струка е дипломиран економист. Родена е на 16 октомври 1945 година. Има 40 години професионално искуство.



Јордан КАМЧЕВ
Извршен директор
Извршен директор на Орка Холдинг АД Скопје, со неограничени овластувања во внатрешниот и во надворешниот промет. По струка е дипломиран економист. Роден е на 24 јули 1970 година во Скопје, Македонија. Има 25 години професионално искуство. Одговорен е за севкупното работење на Компанијата.



Кристина КАМЧЕВА - СТОЈЧЕСКА
Неизвршен член на одбор на директори
Неизвршен - независен член на Одборот на директори на Орка Холдинг АД Скопје. По струка е дипломиран економист. Родена е на 11 јануари 1972 година. Има 20 години професионално искуство.




Зорица АРСОВСКА
Неизвршен член на одбор на директори
Неизвршен член на Одборот на директори на Орка Холдинг АД Скопје. По струка е магистер по економски науки. Родена е на 16 јануари 1961 година. Има 30 години професионално искуство.