Корпоративно управување

Бордот на директори на „Орка холдинг“ АД Скопје управува со друштвото. Правата и обврските на Бордот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва, се регулирани со Статутот на друштвото. Бордот на директори се состои од три члена, од кои два се неизвршни, а еден е извршен член кој го носи називот извршен директор.

Бордот на директори на холдингот ги дефинираат деловни стратегиски планови кои се адаптирани врз основа на потребите на домашниот и глобалниот пазар, интерните организациски фактори и општествените текови. Исклучително значаен дел од генералната стратегија се и дефинираните цели за континуиран развој на вработените, заштита на животната средина и поддршка на општеството.

Секоја од членките на „Орка холдинг“ утврдува засебни стратешки планови кои имаат за цел да го унапредат работењето, да ги подобрат економските перформанси и да се имплементираат стандардите кои позитивно ќе влијаат врз националното стопанство, еколошката одржливост и општествените текови во целина.