Почитувани Пријатели,

Со отворањето на еден мал производствен погон и само 60 вработени, во 1990-тата година Орка ги бележи своите скромни, но цврсти почетоци. Тоа беше време, кога инвестициската клима во земјата сѐ уште беше на самиот почеток на својот сегашен просперитет. Оттогаш, во сиве изминати години вложувавме на еден своевиден начин, со непоколеблива посветеност, чекорејќи со стремеж кон нејзина експанзија.

Посветена на повеќе индустрии и мноштво компании, денес со гордост можам да кажам дека Орка Холдинг е групација со повеќе од 4.500 вработени. Поставувајќи нови стандарди во работењето во Република Македонија, станавме пример за цврста и смела компанија која вложува во трајните вредности - бидејќи годините се само бројки, а вредностите се оние по кои остануваме запаметени. Продолжуваме во остварување на целта да создаваме вредности за иднината, продолжуваме со смел чекор. Продолжуваме во духот на мислата дека со градењето јака и моќна компанија - ја правиме помоќна и нашата држава.

Јордан Камчев
Генерален директор

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

Примарна деловна цел на Орка Холдинг е мерење и подобрување на задоволството на нашите клиенти, партнери и вработени. Нашата деловна политика и бизнис принципи од аспект на квалитет, технологија, услужливост и одговорност се од фундаментално значење за нашата долгорочна одржливост и успех. Работењето на компанијата се заснова на економските начела на ликвидност, сигурност и рентабилност и начелата за лојална конкуренција на пазарот, добрите деловни односи и деловниот морал. Орка Холдинг нуди советодавни, правни и финансиски услуги за компаниите во кои таа денес има управувачко или мнозинско учество

Орка Холдинг е водечка инвестициска компанија во Македонија и регионот, со диверзифицирано портфолио на инвестиции кои се протегаат во различни сектори. Основана во 1990 година од Илија Камчев, компанијата во изминатата деценија зазема цврста позиција во стратешки сектори како здравство, земјоделство, сточарство, производство на прехранбени производи, текстил и малопродажба, банкарство, градежништво и недвижности, енергетика, туризам и угостителство.

Мнозински акционери во Орка Холдинг се компаниите Камчев Консалтинг (67%) и Орка Фајнанс (33%). Единствен сопственик на овие две компании е Ратка Куноска - Камчева.

 

 

 

Илија Камчев (1937-2009), основач на Орка и претседател на Управен одбор

 

 

 

 

Мисија

Од самиот почеток, Орка Холдинг има воспоставено добро дефинирана мисија: да се биде достоен пример во заедницата, како компанија која работи во согласност со начела како лојалност,
посветеност и професионализам.

 

Визија

Визијата на Орка Холдинг е создавање на бизнис-клима каде кадарот постојано ќе се надградува, а односите со деловните партнери и клиенти континуирано ќе се негуваат и почитуваат.

 

Вредности

Преку дејствувањата во повеќе сегменти од општеството, компанијата стана движечка сила, пред сѐ во подигнување на квалитетот на работните стандарди, работните услови и пристапот кон вработените, деловните партнери и клиентите.

 

Цели

Нашите цели се континуирано обезбедување на раст во бизнисот. Крајната корист на нашето заедничко дејствување е создавање услови за подобар раст и конкурентност на пазарот.

 

 

 

Почит кон заедницата во која дејствуваме

Во Орка Холдинг грижата кон општеството се смета за традиција која е цврсто имплементирана во корпоративната стратегија на вредности. Сметаме дека успехот на една компанија не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот туку и според тоа колку компанијата е одговорна кон заедницата. Затоа настојуваме нашите активности да бидат засновани на одговорна работна практика со цел да ја оправдаме довербата на клиентите и заедницата во која дејствуваме.

Да се биде општествено одговорен значи да се исполнуваат законските обврски, да се вложува во човечкиот капитал и околината и континуирано да се негува односот кон партнерите и клиентите. Настојуваме да ги препознаеме потребите на заедницата во која дејствуваме, давајќи ја поддршката на иницијативите кои имаат најшироко општествено значење.

Поддршката на проектите од областа на здравството, образованието, спортот, како и повеќето хуманитарни акции, се неизбежен дел од Орка Холдинг, која се смета за компанија која ги цени поединечните и колективните вредности.

Придонесот во целокупниот развој на заедницата Орка Холдинг го прифаќа како обврска, но и привилегија. Во секојдневната трка по профит и успех не смее да се заборави на општествената одговорност што како компанија треба да ја негуваме.

Во групацијата Орка Холдинг континуирано се стремиме да создадеме квалитетно и разновидно опкружување со постојано усовршување на вработените и начинот на нашето управување. Нудиме можност нашите вработени сами да ги поставуваат своите предизвици и на тој начин да ги откриваат своите квалитети и способности. Нашата компанија е посветена во овозможувањето еднакви можности за вработување на сите лица и не ја толерира дискриминацијата врз која било основа.

Доколку имате желба да бидете дел од нашите успешни тимови во која било сфера на делување на Орка Холдинг, пополнете го нашиот оn-line формулар за вработување.

Дискрецијата во процесот на барање и добивање работа е наш столб во работењето.

Формулар за вработување

 

 



ул. Скупи 3А 1000 Скопје E-mail: orka@orka.mk Тел: +389 2 3099 508 / +389 2 3099 509 Факс: +389 2 3099 699